slide1

Целосно ги покриваме транспортите во балканскиот регион. Одржуваме деловни односи со бројни железнички компании и оператори преку кои се организираат транспорти од и кон сите Европски земји.Благодарејќи на успешните контакти со железниците на бившите југословенски републики, секојдневно транспортираме комплетни возови и поединечни пратки кон и од правец север за потребите на целокупното стопанство во Македонија, првенстено јаглен, железо, лимови, стакло, минерална волна, иверица и други готови производи.

Заради близината на солунското пристаниште организираме дневни возови со разни видови стоки од и за пристаништето во Солун. Носечки организатор сме на транспортите на нафтени деривати и други видови течности во регионот кои се вршат со сопствените капацитети.

УСЛУГИ

  • Понуди за железнички транспорт,
  • Подготовка на документи (ЦИМ) за железнички транспорт,
  • Консултативни услуги за организација на комбиниран превоз, превоз на масовна стока, стока со покабасти димензии,
  • Повластени цени за превоз на стоки од секаков вид на сите европски железници,
  • Железнички транспорт со претовар од европски во руски вагони и обратно,
  • Железнички транспорт од и кон солунско пристаниште,
  • Калкулации на најбрзи и најповолни превозни патишта, поддршка за обезбедување потребни дозволи во превозот на покабастите пратки,
  • Изнајмување на приватни вагони.

КОНТАКТ Славица Мишева
телефон: 02 3149 381
телефакс: 02 3149 481
мобилен: 075 273 685
e-mail: s.miseva@fersped.com.mk

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје