slide1

 

 

 

 

 

 

Почетоците на работењето на ФЕРШПЕД датираат од 1968 година, кога во рамките на Железниците на Македонија заради извршување на шпедитерски услуги во внатрешниот и меѓународниот транспорт формирана е самостојна работна единица ФЕРШПЕД.
По многуте промени на законските одредби, структурните рамки, системските решенија, интеграциони и транзициони процеси во земјата, Фершпед го добива својот конечен лик на целосно  приватизирана компанија во 1995 година.
Полниот наслов на фирмата е:

ДРУШТВО ЗА МЕЃУНАРОДНА И ВНАТРЕШНА ШПЕДИЦИЈА СО ЈАВНИ И ЦАРИНСКИ СКЛАДИШТА


Услугите на компанијата се од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји,  западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и коплекси во Македонија ( проектите  ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.).
Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игри на среќа преку купување акции во тие дејности  од стопанството.

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје