slide1

Стратешкото преструктуирање на компаниите со што тие во својата секојдневна дејност со посебно внимание ќе се насочат на примената на корпоративната општествена одговорност е од особена важност.

Интегрирање на грижата за заедницата, општеството и животната средина во деловната политика на фирмите, според сите расположливи дефиниции, несомнено, води кон подобри финансиски резултати генерирани низ континуираната грижа за вработените, нивните права и обврски, условите на работа, животната средина, граѓаните и фирмите на кои се испорачува одредена услуга и со тоа во крајна мерка на институциите на државата и на самата земја, обезбедувајќи како сегашен така и одржлив развој. 

Свеста за корпоративната одговорност потекнува од Глобалниот договор на ОН, од широката примена низ земјите на ЕУ кон која се стремиме а во крајна линија и поради оној толку потребен feedback за самата фирма.

Нашата компанија оваа категорија ја применува подолг период иако можеби не секогаш под тој современ термин.

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје