slide1

Основни податоци за капиталот и правата на акционерите

Акционерскиот капитал на Фершпед АД Скопје се состои од 18.113 обични акции.Обичните акции на Фершпед АД Скопје котираат и со нив се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза.

 

Акции на Фершпед АД - Обични акции
Издавач - Фершпед АД
Индустрија - услуги
Број на издадени акции - 18.113
Номинална вредност по акција - 37.400 денари
Вкупен износ на основна главнина - 677.426.200 денари
Меѓународен идентификационен број
на акциите –ISIN - MKFERS101018
Права на глас едно право на глас по акција

Акциите согласно Законот за трговски друштва се слободно преносливи. Како акционери се сметаат сите лица запишани во акционерската книга, која согласно законската регулатива се води во Централниот депозитар за хартии од вредност. Акционерите по еднакви услови имаат еднаква положба во Друштвото. Секој акционер има право на глас во Собранието на Друштвото, право на исплата на делот од добивката во вид на дивиденда и во случај на стечај или ликвидација на Друштвото, дава право на сразмерно учество во поделбата на стечајната, односно ликвидационата маса.

 

Структура на акционери

Податоци за физички и/или правни лица кои поседуваат повеќе од 5 % од акциите на друштвото можете да добиете на следниот линк

 

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје