slide1

 

Врз основа на член 58 и 60 од Статутот на Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта ФЕРШПЕД АД Скопје, а во согласност со членовите  383, 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Управниот одбор на Друштвото

ОБЈАВУВА

П О В И К

До Акционерите за учество на Собрание на акционери на ФЕРШПЕД АД Скопје

Собранието ќе се одржи на ден  25.5. 2017 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во  просториите на хотелот Александар палас на бул.8-ми Септември бр.15 Скопје.

За работата на седницата на Годишното собрание се предлага следниот:

 ДНЕВЕН РЕД

 

  I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

Избор на претседавач со Собранието;

Предлог-одлука за избор на претседавач на Годишно собрание 2017

Записничар(во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот го води нотар)

Избор на бројачи на гласови.

Предлог-одлука за избор на бројачи на гласови за Годишно собрание 2017

 

II.РАБОТЕН ДЕЛ 

 

  1. Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи за 2016 година ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016 година.

Годишна сметка на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016 година

Предлог-одлука за одобрување на Годишната сметка за 2016 година

Финансиски извештаи на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016 година со извештај на независниот ревизор

Предлог-одлука за одобрување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор за 2016 година

Годишен извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за деловната 2016

Предлог-одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016 година

 

  1. Донесување одлука за распределба на добивката по оданочување за  2016 година.

Предлог-одлука за распределба на добивката по оданочување за 2016 година

 

  1. Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото за 2016 година.

Извештај за резултатите од контролата на Надзорниот одбор на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016

Предлог-одлука за одобрување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со  Друштвото за 2016

 

  1. Разгледување и одобрување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за 2016 година.  

Годишен извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија

Предлог одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2016

 

  1. Разгледување и одобрување на Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2016 година, ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на групата ФЕРШПЕД за 2016 година.

Консолидирана годишна сметка на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2016

Консолидирани финансиски извештаи на Група ФЕРШПЕД за 2016 со извештај на независен ревизор

Извештај за работењето на Групата ФЕРШПЕД за деловната 2016

Предлог-одлука за одобрување на Консолидираната годишна сметка и Конс. фин. извештаи 2016 и годишен извештај на групата ФЕРШПЕД за 2016 

 

  1. Донесување на одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото, за 2016 година.

Предлог-одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор на Друштвото за 2016

Предлог-одлука за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на Друштвото за 2016

 

  1. Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на ФЕРШПЕД АД Скопје, и консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2017 година.

Предлог-одлука за назначување овластен ревизор за 2017 година

 

  1. Донесување на одлука за измена на Статутот на ФЕРШПЕД АД Скопје

Предлог-одлука за измена на Статутот на ФЕРШПЕД АД Скопје

 

  1. Донесување одлука за отуѓување на сопствените акции.

Предлог-одлука за отуѓување на сопствените акции

 

Од вкупниот број 18.113 акции во ФЕРШПЕД АД Скопје на денот на објавата на јавниот повик вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас се 16.303 акции.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Годишното собрание.

Секој акционер кој има намера да учествува на Годишното собрание на Друштвото е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Годишно собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Годишно собрание.

Пријавите да се достават до ФЕРШПЕД АД Скопје – Управен одбор на Друштвото, или по електронски пат на info@fersped.com.mk

На Годишното собрание ќе се одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.

За полномошник на Годишното собрание можe да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание за која им важи полномошното.

Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од објавата на овој Повик во дневен весник, а подетаљни информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk.

Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите за Годишното собрание на Друштвото и дополнителни информации во  согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото на ул. Македонија 11а Скопје, и на веб-страницата на Друштвото www.fersped.com.mk

Бр. 02-447    

ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ   

УПРАВЕН ОДБОР

 

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје