slide1

Фершпед АД Скопје е акционерско друштво со двостепен систем на управување.

 

Собрание
Собранието одлучува само за прашањата категорично определени со Законот за трговски друштва и со Статутот на Фершпед АД Скопје, а особено за :

1. Измена на Статутот

2. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добивката

3. Избор и отповикување на членовите на Надзорниот одбор

4. Одобрување на работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на органот на управување и на Надзорниот одбор

5. Промена на правата врзани за одделни родови и класи акции

6. Зголемување и намалување на основната главнина на Друштвото

7. Издавање акции и други хартии од вредност

8. Назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи

9. Преобразба на Друштвото во друга форма на друштво, како и на статусни промени на Друштвото и

10. Престанување на Друштвото.


Надзорен одбор
Членовите на Надзорниот одбор ги избира Собранието на Друштвото.
Надзорниот одбор врши надзор врз управувањето со Друштвото.На Надзорниот одбор не можат да му бидат пренесени овластувања во врска со управувањето на Друштвото што го врши Управниот одбор.
Надзорниот одбор го застапува Друштвото спрема членовите на Управниот одбор.
Надзорниот одбор има 4(четири) члена.


Управен одбор
Управниот одбор управува со Друштвото и во тие рамки го води работењето на Друштвото под сопствена одговорност.
Надзорниот одбор ги избира членовите на Управниот одбор.Во одлуката за избор еден од членовите на Управниот одбор се именува за претседател, кој наедно го носи називот генерален директор.Надзорниот одбор именува и заменик-претседател на Управниот одбор.
Управниот одбор брои 6 (шест) члена.
Прaвата и обврските за донесување одлуки од страна на членовите на Управниот одбор во согласност со Законот за трговски друштва се регулирани со Статутот на Фершпед АД Скопје.

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје