Хотелиерство
Интимност на планинска куќа - Хотел Фершпед,
Маврово
Прв предизвик на нашата компанија во хотелиерството
беше претворањето на малата планинска куќа на планината Бистра
во удобен и пријатен хотел со 20 соби наместени во рустикален
стил. Хотелот е сместен во самото подножје на скијачките терени
и во непосредна близина на прекрасното Мавровско Езеро.

На помалку од час и половина возење со автомобил од Скопје,
вие можете да уживате во убавините на националниот парк Маврово
и да престојувате во нашиот хотел. А кога сте веќе таму, заборавете
на тешкиот багаж, грижа каде ќе ги оставите скиите... Предноста
што ја нудиме е близината на скијачките терени.
Жичниците
што ќе ве одведат до најголемиот скијачки центар во Македонија,
се веднаш пред вас.
Покрај 20-те соби, сите опремени со бањи, како и со ТВ-апарати,
хотелот има и "семејна соба", и пространа тераса,
на која во зима можете да се сончате, а во лето да избегате
од градските горештини. Сето тоа ви дава неповторливо чувство
на интимност на планинска куќа.
|
Хотел "Маврово"
|
Тел/Факс:
389 42 489 154
Тел: 389 42 489 187
|