Идеална крстосница (Складишта)
Фершпед А.Д. располага со 150 илјади м2 сопствено земјиште на кое се изградени повеќе објекти за складирање на стока, шпедиција и транспорт: 4 складови затворен складишен простор со површина од 28.800 м2 и 2000 м2 под настрешници.
Во неделите, отворениот дел од складишниот простор функционира како пазар за половни возила и за авто делови.
Царинскиот терминал е поставен на идеално место, во индустриската зона на главниот град на државата, на само 100 метри оддалеченост од главните патни правци низ Македонија, на само 50 метри од железничката пруга и на 15 километри од Скопскиот аеродром.
Нашиот царински камионски терминал со површина од 45.000 м2, располага со електронска современа вага со носивост од 50 тона, ресторан, сервис за перење железнички и авто цистерни, камиони, автобуси и други возила.
Складишниот простор е изграден со друмска рампа од едната страна, а од другата со манипулативна рампа за стоки што се превезуваат со вагони. За таа цел се изградени 1.500 метри железнички индустриски колосек.
Располагаме со претоварна механизација за стоки кои имаат поединечна бруто тежина од 1 до 30.000 килограми. Тоа се две автодигалки со носивост од 20 и 32 тони, 11 моторни вилушкари со носивост од 12,5 тони, 10 електровилушкари со носивост од 2 тона и утоварувачи за растресити стоки.
Просечно годишно обработуваме околу 80.000 тони најразлични стоки од областа на металската, машинската, обоената, текстилната, прехранбената индустрија и друго.
Складиштата се обезбедени со автоматски систем за дојава на пожар, и видео надзор за обезбедување на објектите, како и со физичко обезбедување на објектите од ризик од кражба.
Обработката на податоците во сите сегменти на работата е компјутеризирана.