Ôåðøïåä Ñêîï¼å Сектори
За НасКонтакт
Шпедиција
Јавни царински складишта
Трговија
Винарство
ХотелиШтедилницаБрокерство
Почетоксектори - почеток

 

НИШТО НЕ Е ДАЛЕКУ - Шпедиција/царински работи

Камионски транспортНиту една дестинација во светот не е далечна и ниту еден вид на транспорт не е невозможен за професионалците од Фершпед.

Фершпед е ваш вистински партнер. Нашите луѓе се секаде каде што треба за да ја превезат или прифатат стоката - со железница, камиони, брза пошта, преку скопскиот и охридскиот аеродром; на пристаништата Солун и Бар.

Долгогодишното искуство особено во транспорт на масовни товари, деривати и членството во ФИАТА овозможува дополнителна сигурност кај нашите комитенти.

Централната географска позиција на Република Македонија на Балканот и пристапот кон три мориња кои го обиколуваат полуостровот, му овозможи на Фершпед да изгради сопствена мрежа и флексибилни врски кои го покриваат речиси целиот регион.

Железнички транспорт Секојдневно функционира контејнерски воз од солунското пристаниште до нашиот контејнерски терминал во Скопје.

Нашето искуство во организирањето контејнерски транспорт и одличните врски со најголемите светски " container shipping liners ", овозможуваат ефикасна и навремена услуга по најповолна цена, на принципот "врата до врата".

За вашите потреби, на располагање ви стојат и нашите сопствени 100 железнички вагони-цистерни, авто-цистерни и камиони.

Царинење - Брза и ефикасна мрежа

Фершпед ви овозможува брзо и ефикасно вршење на сите царински формалности за увоз и транзит на стоки на 10 гранични премини.

Кон Бугарија - Деве Баир, Делчево и Ново Село

Кон Грција - Богородица и Меџитлија

Кон Албанија - Ќафасан и Блато

Кон Србија и Црна Гора - Табановце, Јажинце и Блаце

Царинските формалности, во увоз,извоз и транзит како и сместување на стоки во јавни и царински складишта се врши во околу 20 поголеми центри низ Република Македонија.

Јавни и царински складишта Посредуваме при вршење на формалности за фито-санитарна и ветеринарна контрола на стоките на граничните премини и санитарна и пазарна контрола во внатрешните царински испостави.

Даваме стручна помош околу сврстување на стоки по царинска тарифа, режим на увоз или извоз, толкувања на законски одредби од областа на царините и надворешно-трговското работење како и примена на меѓународни и меѓудржавни спогодби кои РМ ги склучила и ратификувала.

Сите царински одделенија и на граничните премини и во внатрешноста на државата се компјутерски поврзани со царинските испостави на Царинската управа на Република Македонија со мрежата МАКЦИС (Македонски царинско информационен систем).

 
Горе