 |
 |
 |
 |
|
|
 |
   |
ШТЕДИЛНИЦА
Штедилницата
"Фершпед" ДОО Скопје е основана на 08.01.1992 година.,
од Фершпед АД Скопје, како резултат на богатата и диверсифицирана
програма на дејности и извонредните економско-финансиски перформанси
на претпријатието.
Во 1993 г., Штедилницата беше пререгистрирана и продолжи да
работи во согласност со новата законска регулатива, актите на
Народна банка и макроекономската политика на Владата на РМ,
во истовреме следејќи ги и принципите на домаќинско работење
на својот основач.
Што работи Штедилницата?
-
 прибира
денарски штедни влогови од физички лица
-
одобрува кредити на физички лица и поединци
кои вршат самостојна дејност, без својство на правно лице
-
одобрува кредити на банки и штедилници и други
правни лица без посредство на банка
-
работи според банкарските принципи на сигурност,
ликвидност, и рентабилност, одредувајќи квалитетно портфолио
со понизок ризик, зголемување на основачкиот влог на Штедилницата
заради зголемување на кредитниот потенцијал и подобрување
на асортиманот и квалитетот на услугите.
Штедилницата континуирано покажува позитивни резултати во своето
работење. Во неа има пет вработени, чија активност е насочена
кон одржување на стабилноста и сигурноста во работењето, преку
зголемување на вкупниот потенцијал, подобрување на бонитетот
и профитабилноста во работењето.
Пропорциите на профитабилност во изминатиот период изнесуваат:
| |
1998
|
1999
|
2000
|
2001
|
|
ROE
|
4.6
|
2.5
|
9.6
|
13.5
|
|
ROA
|
2.9
|
1.8
|
6.5
|
8.1
|
Бројот на штедачи во 2001 е двојно поголем од претходната година.
Во двете последни години Штедилницата, во просек, одобрувала
по 1500 партии (кредити), при што обемот на ангажираните средства
во 2001/2000 година е зголемен за 49%.
Од податоците произлегува констатацијата дека Штетилницата води
се поактивна политика на пласирање на своите слободни парични
средства.
|
Штедилницата "Фершпед" ДОО
Скопје
|
|
телефони:
++389 2 3149 336
3219 231
3219 233
телефакс: ++389 2 3228 978
|
|
|
|
 |
| |
|
|
 |
|
|
|
|
|