Враќање кон традицијата - Сковин
Винарската визба "Сковин" е основана 1979 г. и за жителите на главниот град на Македонија имаше традиција на место каде што може да се најде вино од домашна изработка. По многу тешки години во транзициониот период, во 1999 г. Фершпед го купи мнозинскиот пакет на акции. Од тогаш датира и поновата историја на СКОВИН.
Плантажите на "Сковин" се простираат на 450 хектари земја во скопската околија. Во нивните гроздови се втиснати острината на зимскиот мраз и долгите и суви лета карактеристични за ова поднебје. Нивната местоположба во региони на незагадени од индустриски објекти, и со други погодни еколошки аспекти на средината, како и големиот број сончеви денови годишно (од 160 до 170), со средни годишни температури од 12-14 Целзиусови степени, овозможуваат висок процент на шеќерност и висок квалитет на грозјето.
Годишно се собираат околу 4.000 тони грозје, а останатата количина грозје потребна за производство на виното, се откупува од македонски производители, главно од Повардарскиот регион.
Винарската визба има капацитет за обработка на 23 милиони килограми грозје (или во тони) и сопствен складиштен простор - цистерни од инокс-челик, со капацитет од 16 милиони литри (16.000 хектолитри) годишно.
Најпознати типови грозје кои се произведуваат во винарската визба "Сковин" се: Вранец, Мерло, Бургундец црн, Каберне совињон и Розе од црните, а од белите: Смедеревка, Ракацители, Жупљанка и Семијон.
Сковин го исполнува техничкиот предуслов за квалитетно вино. Компанијата поседува најсовремена опрема од италијанските фирми Siprem, Spadoni, Gimar, Enoveneta и други.
Денес Сковин веќе има и сопствена линија за полнење вино во шишиња, производ на италијанската фирма Алфатек со капацитет од 3.000 л/ч и богата палета од 10 типови на вино во шишиња, признати на пазарот и закитени со награди на домашни и странски саеми.
|
"Сковин" АД, Скопје,
|
ул.
15-ти Корпус бр. 3
|
Тел:
++389 2 3175107
3175097
3172088
Факс: ++389 2 3175149
|